Градоначалникот Јован Стојаноски и претседателот на Веслачката федерација на Македонија Здравко Голабоски, денес потпишаа договор со кој, Општина Охрид донира веслачка спортска опрема и веслачки реквизити за потребите на веслачката федерација.
Донацијата се состои од 8 чамци, сет весла и друга помошна опрема. Чамците и реквизитите се обезбедени од Светската веслачка федерација – FISA, со посредство на Македонскиот Олимписки Комитет.
Вредноста на донираната опрема изнесува 35.466 евра и ќе биде значително подобрување на условите за тренинг и развој на веслачкиот спорт.
|