По повод „Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот“, синоќа, зградата на општина Охрид беше осветлена во сино.
Со ваквиот чин општина Охрид се вклучи во светската кампања „Light it blue“.
Сината боја е заштитен знак за грижата на лицата со аутизам и потсетник за зголемување на јавната свест за инклузија на овие лица во општественото живеење.
|