Со поддршка на Општина Охрид шестмина охриѓани од кои четири во машка и две во женска конкуренција ја претставија Македонија на Балканското кадетско првенство во шах што викендов се одржа во Блаце- Р. Србија.
Во конкуренција на 100 деца од Србија , Црна Гора, Македонија и Бугарија во категоријата кадети до 11 години охриѓанката Емилија Љушеска го освои седмото, а Елена Љушеска деветтото место. Во категоријата момчиња од 8 до 11 години Македонија ја претставуваше охриѓанецот Јулијан Матески кој го освои четвртото место. Во категоријата кадети од 14 до 18 години од земјава се натпреваруваа Константин Љушески,Никола Николоски и Иван Велковски кои ги освоија десеттото, дванаесеттото и четиринаесеттото место.
|