Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕИЗВЕСЕН ФИНИШ НА ОХРИДСКИОТ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Untitled Document

Во крајно неизвесниот финиш на 31,Охридски пливачки маратон, на кој учествуваа 22 маратонци, блегоа седум пливачи во машка и женска конкуренција.. Најбрз и највешт беше Александар Стуџински од Германија кој победи пред нашиот пливач Евгениј Поп Ацев и Аргентинецот, Гилермо Бентола.

Пливачите на целта на градското пристаниште ги пречекаа покровителот, претседателот на Република Македонија Ѓпрги Иванов и организаторот на манифестацијата, градоначалникот Никола Бакрачески, кои на првопласираните им дадоа лаворови венци.

- Не очекував да победам. Минатата година имав операција на десното рамо и ова ми е само втора маратонска трка по операцијата. Целта ми беше да завршам во првите пет, и навистина не очекував победа. Уживам да пливам во Охридското Езеро каде за прв пат настапив во 2006 пред 11 години. - изјави победникот Стуџински.

Во женска конкуренција триумфираше Италијанката Барбара Поцбон која исплива рамноправна трка со машките маратонци. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1403  пати
Објавено на: 19.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©