Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОСНОВЦИТЕ ОД ОУ „ БРАТСТВО ЕДИНСТВО “ ОД ОХРИД СО ПОДДРШКА ЗА ДРУГАРЧИЊАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ
Untitled Document

Денес во ОУ" Братство Единство" одделенскиот час беше посветен на Денот на ретките болести. Одделенските раководители со своите ученици  во паралелката одржаа предавања и работилници со цел да се приклучат кон кампањата за одбележување на Денот на ретките болести.

Учениците од  V- 4  одделение при ОУ" Братство Единство",  заедно со својот  одделенски раководител Мирјана Карамешиноска, инклузивниот дефектолог Наташа Илоска  и психолог во училиштето, Стојна Танос изработија  хамери и отпечатоци со боите на логото за Денот на ретките болести и најавија вклучување во маршот закажан за 28.02.2018 година.

Со  нашата поддршка, заедно ќе  го обоиме месецот  февруари со боите на ретките болести.

Прочитано:  1398  пати
Објавено на: 26.02.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©