Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ПОДГОТВЕНА ДА РАЗГОВАРА ЗА ГРАДБАТА НА ХОТЕЛОТ ВО ЛАГАДИН
Untitled Document

Во изјава за медиумите градоначалникот, Јован Стојаноски, денес, потенцира дека локалната самоуправа е подготвена да разговара за градбата на хотелот во Лагадин, за кој дел од жителите на Лагадин, денес, протестираа пред зградата на општина Охрид.

На 24. Јули пристигна барање да биде поставена точка на дневен ред, меѓутоа заради веќе закажаната седница на советот на општина Охрид и доставениот материјал до советниците, ние им одговоривме на Здружението на граѓани „Стар Лагадин“ дека нивното барање ќе биде разгледано и на наредните седници ќе биде поставено доколку е потребно. Во овој  момент како Локална самоуправа немаме разидување со барањата кој што беа содржани во писмото на здружението, истакна градоначалникот Стојаноски.

Со решение од 31.05.2018 година, се прогласува за ништовно одобрението за градење на хотелот во Лагадин. Ова решение е трето по ред со кое што се прогласува за ништовно одобрението за градење на спорниот хотел.

Во останатите барање беше наведено да се пристапи кон уривање на бесправно изградениот објект, меѓутоа се додека не добиеме мериторна одлука од второстепената комисија од Министерството за транспорт и врски, ние не можеме да го категоризираме тој објект како бесправна градба и да започнеме со постапка за рушење. Во овој момент немаме мериторна одлука дека тој објект е бесправно изграден, додаде градоначалникот Јован Стојаноски.

Тој додаде дека ставот на општината е јасен и се додека не се добие мериторна одлука дека тој објект е бесправно изграден, не може да се пристапи кон понатамошните фази предвидени во законот.

Прочитано:  599  пати
Објавено на: 27.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©