Со доделувањето на наградите за најуспешните натпреварувачи, заврши годинашната акција за најубаво украсен Новогодишен двор за 2018 година. На најуспешните, секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски им врачи пофалници и парични награди. Во натпреварот учестуваа дванаесет наши сограѓани.
Првото место му припадна на Наумче Неданоски, второто место е за Марјан Шапкаровски од Велгоши, а третото место го освои Македонка Дервушоска. Наградниот фонд изнесуваше 20 илјади денари, од кои 10 илјади за првонаградениот, 6 илајди за второто и 4 илјади за третото освоено место.
Прво место
Второ место
Трето место
|