По повод Денот на гладта, 16 октомври и Неделата на борба против гладта, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” во кампањата што ја спроведе Црвен крст со повеќе активности се вклучи и општина Охрид.
Активностите беа насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.
И оваа година општина Охрид се вклучи во хуманитарната акција на Црвен крст во обезбедувањето на финансиски средства за набавка на прехрамбени производи и приготвување од 70-80 хуманитарни пакети кои заеднички би ги поделиле на најсиромашни семејства од општина Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |