Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ 57. ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ „ ОХРИДСКО ЛЕТО“
Untitled Document

Со театарската претстава „Ничија земја“ ,во изведба на Македонскиот народен театар, синоќа завшри, годинешното 57. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставата, на која присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, градоначалникот Никола Бакрачески, министерката за образование и наука Рената Тренеска-Дескоска и заменик- министерот за култура Владимир Лазовски, беше изведена на просторот на некогашната воена касарна во Охрид, амбиент кој се вклопи во темата на поставката. 

„Ничија земја“ , која е работена по филмското сценарио на Денис Танковиќ, а ја режираше Александар Морфов е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како во мирнодопски, така и во воени услови. Драмската ситуација-војна во која се развива оваа црна комедија е метафора на нашата перманентна духовна, но и фактичка состојба на „војна и омраза“ до „братските“ соседни народи, но и внатрешно меѓу луѓето.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1408  пати
Објавено на: 21.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©