Вршителот на должноста градоначалник, Константин Георгиески, денес го
посети дневниот центар “Зраци“ и им го врачи новиот тв приемник, подарок од
компанијата “ЗЕГИН“.
На средбата Георгиески беше запознат со работата на центарот и потребите
за негово успешно функционирање во иднина. Георгиески истакна дека навистина
е благородна работата на вработените и родителите на лицата со посебни
потреби и искажа подготвеност локалната самоуправа, активно да работи на
подобрување на условите и институционално трајно решение за работата на
дневниот центар.
|