Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
С О О П Ш Т Е Н И ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
Untitled Document

Врз основа на член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл. Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16 и 163/16) и Oдлуката за организирање јавна анкета и јавна презентација бр. 19-5004/4 од 12.09.2017 година, Градоначалникот на општина Охрид дава ,

С О О П Ш Т Е Н И Е
ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ  ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА на
Детален урбанистички план за измени и дополнување на дел од ДУП за УЗ 12 УБ 12.1- опфат 1, општина Охрид, 2016-2021

СЕ ОРГАНИЗИРА јавна анкета и јавна презентација на Детален урбанистички план за измени и дополнување на дел од ДУП за УЗ 12 УБ 12.1- опфат 1, општина Охрид, 2016-2021, фаза предлог план со тех.бр. 07/16  од август 2017, изработен од Друштво за просторно и урбанистичко планирање ПОЛОГ ПРОЕКТ-ПРО ДОО Гостивар.

1.Просторот на планскиот опфат се наоѓа меѓу следните улици: ул.,,Карпош Војвода“ од југозапад, ул.,,8ми Септември“ од северозапад, ул.,,Сирма Војвода“ од североисток и ул.,,Лазо Трпоски“ од југоисток. Просторот опфаќа површина од 1.013 ха.
2. Јавната анкета за предлог планот ќе трае од 18.09.2017 29.09.2017 год.
3. Јавната презентација за нацрт планот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 21.09.2017 год. со почеток во 12.00 часот.
4. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица  планот ќе биде истакнат во холот  на општина Охрид пред големата сала за состаноци.
5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 14 до 16 часот во просториите на општина Охрид.
6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки, додека трае јавната анкета, можат да ги доставуваат на анкетни листови до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1471  пати
Објавено на: 18.09.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©