Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАСКАЗОТ „ ВО РОГОТ НА ВОЛОТ“ Е ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „ЖИВКО ЧИНГО“
Untitled Document

Комисијата за доделување на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ, во состав проф. д-р Димитар Пандев, проф. д-р Наташа Аврамоска и писателот Славе Ѓорго Димоски на денешниот состанок, едногласно одлучи наградата „Живко Чинго“ што ја доделува Општина Охрид, да му припадне на авторот на расказот „Во рогот на волот“ испратен под шифра „Чадор“.

-На годинешниот конкурс вкупно пристигнаа 58 раскази, во кои доминираат традиционални книжевни теми, актуелни социјални теми и исповедни искажувања.Во најтесен избор, покрај наградениот расказ влегоа и расказите „Црешата на Цар Самуил“ под шифра „Тајна историја“ и „Мрежата на Мамли или кој го обра бостанот“ под шифра „Ну погоди“.
Наградениот расказ „Во рогот на волот“ се издвојува со извонредната наративна изведба со која виртуозно поигрува со парадигмите на надреалистичното искуство, при што ја актуелизира почвата на Македонија како крстосница на луѓе, времиња и народи-
стои во соопштението на комисијата.

Наградата во износ од 30.000,оо денари, на добитникот ќе му биде врачена на манифестацијата „ Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август пред споменикот на Чинго во атарот на црквата „ Света Петка“  во селото Велгошти

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1402  пати
Објавено на: 09.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©