Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски синоќа присуствуваше на отворањето на културниот детски фестивал „Децата на Бугарија пеат и играат во Охрид “ што се одржа во НУЦК „Григор Прличев“. Целта на настанот е да се зајакнат пријателските односи и соработката во областа на културата меѓу Република Северна Македонија и Бугарија.
Организатор на фестивалот што завршува во четврток е Здружението за култура и уметност АРТ ВИВЕНДИ од Охрид и бугарската Фондација Жар- С, а поддржан од Амбасадата на Р. Бугарија.
|