Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ДВАЕСЕТ И ШЕСТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

На дваесет и шестата седница на Советот на општина Охрид, беа прифатени предложените одлуки за формирање комисија за процена и утврдување на висината     на штета настаната од природни непогоди, епидемии, епизоотии, епифитотии и други несреќи, за одобрување изјава на единка корисник на финансиска поддршка - ОУ„Ванчо Николески“ с.Лескоец, ОУ „ Григор Прличев“ ,ОУ „ Св. Климент Охридски“ и СОУС „ Св. Кирил и Методиј“ , за усвојување на извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски на општина Охрид и единки корисници до 30.09.2018 година, за усвојување на Годишниот извештај за спроведувањето на програмата за развој на Југозападниот плански регион и годишен извештај за работењето на  Центарот за развој на југозападниот плански регион за 2018 година  и  за усвојување на годишната сметка за работата на ЈП „ Билјанини извори“  за 2018 година.

На почетокот на седницата која беше одложена, па презакажана за денеска во  15 часот, беа повлечени сите точки од дневниот ред кои се однесуваа  на утврдување потреба од донесување на урбанистичко- планска документација, со цел вклопување на бесправно изградени објекти.

Прочитано:  179  пати
Објавено на: 02.04.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©