Во пресрет на празникот Богојавление – Водици, градоначалникот Јован
Стојаноски, денес во просториите на Општина Охрид, додели сто хуманитарни
пакети за социјално загрозените семејства во градов.
Честитајќи им ги празниците, градоначалникот Стојаноски на присутните им
посака добро здравје и подобри услови за нив и нивните семејства.
Акцијата е во организација на одделението за за детска, здравствена и
социјална заштита, а се организира традиционално секоја година.
|