Градоначалникот Јован Стојаноски и директорот на ЈП “Проаква“ Владимир Алексиоски, денес беа во обиколка на пречистителната станица од колекторскиот систем во селото Ложани. Честитајќи го Светскиот ден за заштита на животната средина, градоначалникот Стојаноски рече дека прашањето за функционирањето на Колекторскиот систем треба постојано да биде отворено до конечно негово решавање.
- - Очекуваме до септември во координација со Владата на Република Македонија да направиме целосна ревитализација на колекторскиот систем. Во изминатиов преку Министерството за животна средина добивме 2 од потребните 11 пумпни станици, а очекуваме преку ребалансот на општинскиот и државниот буџет, да бидат одвоени околу 15 милиони денари за набавка и на останатите 9 пумпни станици. Жал ми е што денес разговараме за ова прашање како проблем, а светот го третира како одржлив бизнис. Но, уверен сум дека наскоро ќе имаме конечно решение, кое ќе го дефинира инвестирањето и управувањето со колекторскиот систем – истакна Стојаноски.
|