Градоначалникот , Јован Стојаноски денеска присуствуваше на отворањето на Државното првенство во шах за основни и средни училишта за 2018година што се одржа во просториите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид.
Во присуство на градоначалникот турнирот за отворен го прогласи советникот во Советoт на општина Охрид, Мишел Силјаноски.
Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, со подршка од Шаховската Федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Охрид и Шаховски Клуб „Ласкер “-Охрид.
|