Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАЕДНИЧКИ КООРДИНИРАНИ АКТИВНОСТИ НА ОПШТИНСКИТЕ ИНСПЕКЦИСКИ СЛУЖБИ И ПОЛИЦИЈАТА
Untitled Document

На иницијатива на градоначалникот Д-р Јован Стојаноски, денеска се одржа состанок на претставници на општинскиот инспекторат и другите надлежни служби со претставници на СВР Охрид предводени од началникот Сашо Смилески.

На средбата, беа договорени заеднички и координирани активности со кои треба да се обезбеди повисок степен на одржување на јавниот ред, општата безбедносна состојба и одговорно однесување на сите субјекти поврзани со оваа проблематика. За ефикасно спроведување на договореното,заеднички работни групи  ќе се состануваат еднаш неделно и ќе ги планираат и координираат активностите.

Прочитано:  1884  пати
Објавено на: 20.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©