Традиционално со кажување на „Заклетвата за мир“, на Градскиот плоштад, денес беше одржана „Матруската парада“.
На звуците од операта „Лилјакот“ на Штраус, 330 матуранти од охридските средни училишта заедно со врсниците од повеќе градови во Македонија и неколку земји од Југоисточна Европа, во 12 часот на пладне го одиграа квадрилот.
Одржувањето на годинашнава „Матурска парада“ беше 11-та по ред.
Извор: www.ohrid.gov.mk |