На свеченоста што се одржа денеска, по повод 40-годишнината од основањето, Атлетскиот клуб „Охрид“ му додели плакета на градоначалникот Никола Бакрачески. Плакети им беа доделени и на Атлетската федерација на Македонија, постхумно на проф. Влатко Димитров, на ветеранот Ристо Трајкоски и на актуелниот претседател на клубот Пецо Неданов.
-Почестен сум со ова признание бидејќи тоа ми го доделува најтрофејниот спорстки клуб од Охрид. Импресивни се податоците дека во изминативе 40 години, членовите на Атлетскиот клуб на домашни и меѓународни натпревари имаат освоено 50 златни медали, собориле 100 рекорди, освоиле 3000 признанија, а учествуваа и на Олимписките игри во Пекинг- рече градоначалникот Никола Бакрачески.
На свеченоста, по повод јубилејот, атлетичарите изразија задоволство од поддршката на Локалната самоуправа и најавија дека упорно ќе работат за постигнување на уште поголеми спортски резултати.
Извор: www.ohrid.gov.mk |