Во врска со вториот повик за аплицирање со проектни предлози во рамките на ИПА- програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија за периодот 2014-2020 година, денеска се одржа третата инфо- сесија.
Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија ќе се спроведува во рамките на Инструментот за претпристапна помош во поглед на унапредување на добрососедските односи и унапредување на социоекономскиот развој.
|