Почетокот на годинашнава главна туристичка сезона, беше означен со манифестацијата „ Бело лето“, која ја организира Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локаленн економски развој.На годинашново „Бело лето“ настапија светски познатиот џез гитарист и композитор Владимир Василески-Четкар со неговиот секстет, со концерт на плажата Лабино и познатиот театар „Славија“ од Белград, Република Србија, кој во предворјето на црквата Света Софија ја одигра претставата „Коштана“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |