Во насока на добар соживот, мирољубие и човекољубие, градоначалникот
Никола Бакрачески, синоќа, за припадниците на муслиманската вероисповест
приреди Ифтар. Повеќе од 300 граѓани муслимани и нивни пријатели христијани,
во пријатна атмосфера споделија заедничка вечера.
- Во духот на
големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, чуството е вдахновено, да
бидете тука помеѓу своите сограѓани и гостите, кој што во масовен број
дојдоа денес да ја одбележиме оваа заедничка Ифтарска вечера. Во духот на
заедништвото, во духот на солидарноста, во духот на толеранцијата, мирот и
спокојот меѓу луѓето, што всушност претставува и симболиката на организација
на оваа вечера и еден вид на испраќање на порака до верниците од
муслиманска вероисповест, меѓутоа и до сите граѓани на Охрид и Република
Македонија. Особено ми е драго што оваа традиција што ние ја започнавме пред
четири години, гледам дека и минатата и оваа година масовно се отсликува и
во други градови, изјави градоначалникот Бакрачески.
Гостин на синоќешната вечера беше и Евроамбасадорот, Самуел Жбогар. На крај
од вечерата градоначалникот Бакрачески испрати честитка до сите верници од
муслиманска верисповест, по повод празникот Рамазан Бајрам, со желби за мир
и спокој во нивните домови и нивното опкружување.
Извор: www.ohrid.gov.mk |