Денес дел од екипите на Ј.П. "Охридски Комуналец", по барање на У.З.
"Железничка", извршија акција за расчистување на ул. "Железничка". Се косеше
нараснатата трева покрај тротоарите и жардинериите и се кастреше неуредната
вегетација со цел подобра прегледност на возилата и безбедност на пешаците.
Друг дел од екипите, по налог на комунална инспекција, беа ангажирани со
чистење на мастики за џвакање, како и секоја година на крајот на сезоната,
во чаршијата "св. Климент Охридски" на потегот од чинарот кај плоштадот
"Крушевска република", до големиот плоштад кај "Летница". Акцијата се
започна утрото од 3 часот и траеше до 9 часот поради помала фреквенција на
пешаци во тој дел од денот, и погодените временски прилики и за итата беа
ангажирани 6 комунални работници.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |