Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МАНИФЕСТАЦИИ: ДЕНОВИ НА МЕД, ВИНО И СИРЕЊЕ И ОХРИД КРАФТ ЕКСПО
Untitled Document

Во организација на општина Охрид, Сектор за туризам и ЛЕР, и оваа година ке се одржат манифестациите „Денови на мед“, Вино и сирење и Охрид крафт експо во период од 07 до 14 Август, 2018г на плоштадот Крушевска Република. Посетителите на овие манифестации ќе имаат можност повеќе да се запознаат со локалните производи на ова поднебје.

 Манифестацијата “Денови на мед” ќе се оджи во период од 07-09 Август, 2018 на која ќе се промовираат медот и производите од мед, а истата ќе биде одлична можност за охриѓани и гостите во Охрид да вкусат квалитетен мед и производи од мед.

 Фестивалот “Вино и сирење 2018” ќе се одржи на 10-11Август, 2018 Овој фестивал ги има сите предуслови на своевиден регионален мини саем на кој се презентираат виното и сирењето од пограничниот регион Охрид-Преспа, како дел од традиционалната гастрономија, а заради неговата корисност се очекува да прерасне во значаен туристички настан во Охрид, права можност за презентација на новите техники на маркетинг и продажба, поттикнување на партнерски врски и воведување дополнителни стимулативни мерки.

 Веднаш после Фестивалот “Вино и сирење 2018” продолжува манифестацијата „Охрид крафт експо“ (12-14Август, 2018год.) Целта на оваа манифестација е да да го промовира занаетчиството и занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања за промоција на занаетчиството како фактор за економски развој, за зачувување на традицијата и културата на нашата земја, како и можност за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните кои се занимаваат со занаетчиска дејност.

Програмата ќе биде збогатена со настап на Ансамбалот Билјана Јуниор и Оркестарот Климе Садило.

 

Прочитано:  336  пати
Објавено на: 31.07.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©