Синоќа започна 16 –от меѓународен музички натпревар за млади музичари-
“Охридски бисери“ . На свеченоста присустуваше заменик градоначалникот Ангел
Јанев, кој се обрати во име на градот домаќин.
- Искрено верувам дека изминатите години, “Охридските бисери“
придонесоа кон збогатувањето на нашата духовна ризница и уште повеќе Охрид
го отворија кон светот и предизвиците кои ги носи иднината. Ве уверувам дека
градот Охрид ќе стори се Вашата хумана,космополитска и универзална
идеја да трае и да се збогатува и по форма и по содржина, во годините и
десетлијата кои се пред нас. Убеден сум дека Охрид и охриѓани ќе ве пленат
со својот шарм, а дека публиката и учесниците ќе имаат незаборавни моменти
во Вашите уметничи перформанси. Ви посакувам успешен фестивал и пријатен
престој во Охрид – истакна Јанев.
На годинашниот натпревар 120 кандидати од Русија, Кина, Германија, Полска,
Романија, Бугарија, Литванија, Хрватска, Србија и Словенија ќе се
натпреваруваат во дисциплините: Флејта, Кларинет, Саксофон, Труба, Хорна
иТромбон.
Младите музичари ќе ги оценува интернационално жири од познати и признати
музички педагози од: Русија, Германија, Бугарија, Австрија, Македонија и
Србија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |