Општина Охрид, преку Секторот за ТЛЕР, четврта година во континуитет
ангажира невработни лица преку програмата „Општинско- корисна работа“. Таа е
дел од поголемиот проект за оддржливи вработувања и се спроведува со
поддршка на Владата на Македонија и UNDP. Станува збор за активност
која на долгорочно невработени лица им нуди шанса за социјална вклученост
преку работно ангажирање со скратено работно време, а сe со цел стекнување
на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.
Пет воспитувачи и пет негователки го започнаа својот шестмесечен
работен ангажман во детската градинака ЈОУДГ Јасна Ристеска, со цел
посоодветно и поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес на
децата од предшколска восзраст.
Со оваа програма се овозможува работно ангажирање на долгорочно
невработените лица од социјално ранливи категории, кои од една страна ќе
имаат можност да се стекнат со дополнителни вештини и компетенции, а од
друга страна дечињата ќе имаат можност за дополнителна едукација и правилен
психофизички развој.
Извор: www.ohrid.gov.mk |