Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД УЧЕСТВУВАШЕ НА СОСТАНОКОТ НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА УНИЈАТА НА ОПШТИНИ
Untitled Document

На состанокот на управниот одбор на Унијата на општини, што вчера се одржа во градот Гебзе, во Турција, беа разгледувани можностите за соработка помеѓу општините во реализација на проекти.

Во таа насока, општина Охрид со поддршка на општината Зејтинбурну ќе започне со разгледување на проектот „Изнајмување на паметни велосипеди“. Општината Зејтинбурну, ќе даде логистичка поддршка при скенирањето на условите.

Доколку индикаторите од скенирањето бидат позитивни, проектот ќе се реализира со што градот за прв пат ќе добие модерен еколошки превоз.

Прочитано:  265  пати
Објавено на: 25.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©