Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП
Untitled Document

По повод одбележувањето на Светскиот ден на лицата со хендикеп -3 Декември, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски го посети Здружението на лица со телесен инвалидитет од Охрид и Дебрца „Мобилност  Охрид 1988“.

Градоначалникот Стојаноски присуствуваше и на почетокот на натпреварите  во спортските дисциплини , шах, пинг- понг, табла, пикадо и стрелање со воздушна пушка  што по традиција се одржуваат на овој ден.  На учесниците во натпреварувачкиот дел  им посака успех и посочи дека општината во рамки на своите ингеренции и можности и понатака ќе дава поддршка за оваа категорија лица.

На спортскиот настан  покрај членовите од Здружението „Мобилност“ учество зедоа и претставници од Здруженијата  на глуви и наглуви, слепи  лица, инвалиди на трудот и  цивилни инвалиди од војната и претставници од здружението „Зраци“. На случувањето присуствуваа и претставници од Здруженијата на феријалци и на ветераните и резервисти од одбраната и безбедноста на Р. Македонија.

Прочитано:  189  пати
Објавено на: 03.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©