Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ
Untitled Document

Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Службен весник на Република Македонија" број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) општина Охрид распишува:

Ј А В Е Н    П О В И К
за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови

Јавниот повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови согласно член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ("Службен весник на РМ" број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), се распишува во првиот квартал на 2019 год.

Јавниот повик ќе трае од 26.03.2019 год. до 26.04.2019 год. односно 32 (триесет и два) ден.
Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистички планови од членот 7 став (1) точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од овој закон и тоа: детален урбанистички план (ДУП), урбанистички план за село (УП за село) и урбанистички план вон населено место (УПВНМ).

Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов или изменување и дополнување на постоечки: ДУП, УП за село и УПВНМ. Иницијативите можат да бидат доставени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма преку архивата на општина Охрид во определениот рок.

За доставените иницијативи подносителите ќе бидат известени во писмена форма или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Иницијативите кои ќе бидат доставени по истекување на рокот за достава, ќе се разгледуваат по распишување на следниот Јавен повик.

Подносителите на прифатените иницијативи, правни или физички лица,  во целост ќе ги сносат сите трошоци за изготвување на урбанистичките планови.

Јавниот повик ќе биде објавен во Службен Гласник на општина Охрид, на веб страната на општина Охрид – www.ohrid.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам и во дневен весник "Нова Македонија".

Прочитано:  268  пати
Објавено на: 21.03.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©