Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА
Untitled Document

Претставници  од Секторот за  туризам и  Локален екеономски развој при општина Охрид учествуваа на работилница во Пеќ, Косово во рамките на проектот КРЕСИДА во кој учесници се Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Македонија.

Општина Охрид е учесник во овој проект уште од Април 2014 и доби грант - пилот проект кој беше имплементиран во втора половина на 2017 и почеток на 2018 година.
Назив на пилот проектот е „АКТ“ Активирање на Граѓаните за Грижа кон Животната Средина и содржеше активности од типот на подигање на јавна свест кај граѓанните за подобрување на управувањето со отпад и последици од неправилен третман на води и користење на пестициди во сливно подрачје на Охридско Езеро.

Пилот Проектот е целосно имплементиран и беше презентиран пред донаторот  US - EPA (Америчка Агенција за Заштита на Животната Средина) при Влада на Соединетите Амерички Држави и импллементаторот на „КРЕСИДА“ Регионалниот Еколошки Центар за Источна Европа.

Прочитано:  1458  пати
Објавено на: 17.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©