Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НАЈАВЕНА ПРАЗНИЧНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА “ОД 20 ДО 20 СИТЕ ВО ОХРИД“
Untitled Document

Денес, градоначалникот Јован Стојаноски, ја најави манифестацијата “Од 20 до 20 СИТЕ ВО ОХРИД“, со која ќе бидат опфатени Новогодишните, божиќните  и празнувањата за Василица и Водици. Идејата е да се изгради манифестација која ќе носи сопствен печат, ќе трае цел месец и  ќе се надградува секоја година.

-Главниот дел од настаните ќе се одвиваат на посебно уредени простори во центарот на градот, на неколку различни сцени. Една од сцените е и новиот плоштад кај Мини маркет, со што дополнително ќе се дисперзира забавата во целиот град.
Како една од најатрактивните содржини на месецот на забавата во Охрид, е посебната манифестација, “Чоколадниот новогодишен свет“,која ќе биде лоцирана на делот од „Бистро Корнер“ на влезот во чаршијата до фонтаната кај Чинарот. Овој дел ќе биде посебно украсен со чадори и тезги на кои ќе се продаваат слатки производи во центарот на улицата, а предвидена е и посебна забавна програма за најмладите со одбрана музика, Ди џеј и анимација за најмладите.

Сакам само да напоменам дека ова е мал дел, можеби некаде 20% од целиот проект, кој од оправдани причини, немање на време и предвидени средства со стариот буџет за оваа намена, нема да се спроведе оваа година. Ова ќе биде само почеток, за следната година да имаме еден навистина достоен и спектакуларен дочек на Новата година во Охрид. На ова одговорните за овој проект ќе работат веќе со почетокот на 2018 година и се надеваме дека ќе имаме еден бренд кој ќе се издвои по својата атрактивност и уникатност – истакна градоначалникот Стојаноски.

Прочитано:  1479  пати
Објавено на: 20.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©