Преку културно – уметнички активности, синоќа, на градскиот плоштад, беше промовирана турската култура. Промоцијата на турската култура беше организирана од страна на општина Кучукчекмеџе во соработка со институтот Јунус Емре и општина Охрид.
Во склоп на проектот „ Балкански караван“, беа прикажани народни ора од различни предели на земјата, куклена претстава Хаџиват и Караѓоз, дервишки танц, исто така се прикажааа техники на уметностите Ебру, Бакар и Калиграфија.
Целата манифестација беше збогатена со турско кафе, османлиски маџун и шеќерен памук.
|