Четвртоодделенците од ОУ „Христо Узунов“, денеска ја посетија општина
Охрид. Нив во големата општинска сала ги пречека градоначалникот
д-р Јован Стојаноски, кој ги запозна со основните функции и работата на
Локалната самоуправа, а потоа одговараше и на прашањата што беа упатени до
него.
Учениците беа и во кабинетот на градоначалникот, одблизу се запознаа со
неговата работа и посетија неколку служби во локалната
администрација.
За функционирањето на локалната самоуправа основците учат по
наставниот предмет „Општество“.
|