Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БРИЛИЈАНТЕН НАСТАП НА ОХРИЃАНКАТА СЕВИЛ СЕЛМАН ВО ИСТАНБУЛ
Untitled Document

Познатиот „ Босфор квартет“ , во кој прва виолина е охриѓанката Севил Селман, на 5 април, по повод Велигденските празници, имаше брилијантен концерт во катедралната црква „ Св. Антониј Падовански“  на плоштадот Таксим во Истанбул.

На концертот,  со наслов „ Воздишките на жиците “ ,  беа изведени дела од Бах, Моцарт и Вивалди кои предизвикаа бурни позитивни реакции кај бројната публика.

Првата виолина на „ Босфор квартет“ , охриѓанката Севил Селман  е студент на четврта година  на престижниот конзерваториум „ Мимар Синан“ во Истанбул во Турција. 

Прочитано:  1484  пати
Објавено на: 16.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©