Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ НА ГОРАН ТРАЈКОСКИ ВО ОХРИД
Untitled Document

Бројни охриѓани, но и гости  од земјава и странство синоќа уживаа во концертот на неповторливиот Горан Трајкоски, што се одржа на градскиот плоштад во Охрид.

На концертот беа изведени дела од неговиот најнов проект „Тешкиот глас на новите химни“. Трајкоски има зад себе долгогодишна музичка кариера, а го има ставено својот потпис и врз неизбришливи музички големини како „Анастасија“, „Падот на Византија“ и „Мизар“. Со настапот на Трајкоски и официјално започнаа свеченостите   по повод одбележувањето на   еден милениум од основањето на древната Охридска архиепископија.

Централната свеченост ќе се одржи на 27-ми и 28-ми мај во Охрид, каде е се` подготвено, ова милениумско чествување да помине достоинствено и во духот на универзалните хуманистички дејности. Активностите се распоредени во периодот од мај до декември годинава, кога се  предвидени многубројни настани, научни и академски собири, издавање на значајни публикации, спортски културни, образовни и уметнички активности.

На централната свеченост со пригоден концерт ќе се приклучи и Македонската филхармонија. Ќе настапи камерниот оркестар во придружба на хоровите од братството на манастирот Рајчица и Св. Јован Бигорски. Диригент ќе биде Борјан Цанев, а ќе се изведат композиции со тематика од македонските тропари.

Ова ќе биде првиот голем јубилеј, кој Македонската православна црква – Охридска архиепископија го слави како поврзување на нејзиниот континуитет со Охридската архиепископија.

Прочитано:  1455  пати
Објавено на: 25.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©