Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА И САЕМ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Untitled Document

Градоначалникот , Јован Стојановски  ја отвори  Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување  што денес се одржуваат во Охрид. Станува збор за собири кои што   се дел од проектот за прекугранично претприемнишво СЦБЕ/ТВЦ, финансирани од програмата  на ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Грција.  
Пред  присутните во  своето обраќање градоначалникот  Стојаноски објасни кое е  значењето  на прекуграничната соработка  меѓу двете  соседни земји.

- Очекуваните резултати од проектот се најмалку 2.000 посетители на веб страницата годишно, најмалку 8.000 лица да бидат информирани за реализација на проектот,2.000 претприемачи да ја користат платформата за бенчмаркинг и 100 претпријатија да ги зголемат нивните претприемачки капацитети.Тоа е голем бенефит за сите учесници во проектот но и за општествените заедници во меѓуграничната зона. Општина Охрид има прецизно утврдени цели за забрзан економски развој, во кој  влегуваат и ваквите проекти. Во Локалната самоуправа во тек, покрај овој се и други проекти. Паралено, се одвиваат и обуки на дел од администрацијата за подготовка на апликации за добивање средства од разни фондови и нивна имплементација- рече градоначалникот   Стојаноски и посочи дека новата  Локална самоуправа, е програмски  определена  за изработка на Стратегијата за развој на град Охрид до 2023 година.

- Стратегијата треба прецизно да го дефинира патот за негов долгорочен одржлив развој и правилно позиционирање на нашиот град во мапата на европски и светски културни центри и градови на езера.Основна цел е унапредување на квалитетот на животот на граѓаните и подобрување на економските услови преку континуирани стопански вложувања, афирмација на јавниот простор, користење на паметни технологии, употре­ба на обновливи извори на енергија и рационално искористување на просторот и ресурсите - додаде градоначалникот Стојаноски.

На конференцијата учествуваа 87 лица, а на саемот што исто така се одржува денес  свои поставки ќе имаат 11 фирми  од Охрид.

Прочитано:  1459  пати
Објавено на: 10.11.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©