Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ПРОМОВИРАНО ВО ТУРЦИЈА
Untitled Document

На покана на општина Есенлер, општина Охрид преку свои претставници и КУД Ѓердан, учествуваше на одбележувањето на Светскиот ден на водата 22. Март.

На меѓународниот состанок на историски градови на водениот пат, освен Македонија – Охрид и домаќините од Турција, учествуваа и претставници од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Романија.
Општина Охрид имаше свој штанд со промотивни материјали и изложба на фотографии со мотиви од Охридското езеро. Освен настапот на КУД Ѓердан, општина Охрид учествуваше и со поетско читање.
На настанот освен градоначалникот, заменик градоначалникот на општина Есенлер – Истанбул, пратеници, членови на совет и други, присуствуваше и заменик премиерот на Турција, Вејси Кајнак.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1368  пати
Објавено на: 24.03.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©