Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ЈУЖНА МОРАВИЈА ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Делегација од Јужна Моравија предводена од раководителот на Комитетот за меѓународна соработка  заедно со претставници од  Црвен Крст од чешкиот град Брно денес беа во  посета на општина Охрид.

На протоколарната средба со градоначалникот  Јован Стојаноски се разговараше  за учеството и презентација  на Охрид на Саемот за туризам што е предвидено да се одржи во месец јануари 2019 година во Брно- Чешка.

Од страна на градоначалникот Јован Стојаноски беше истакнато дека општина Охрид е отворена за секаков вид соработка почнувајќи од сферата на туризмот како и соработка и збратимување со некој чешки град.

Претходно   претставниците од црвениот Крст од Брно беа во посета на Црвен Крст – Охрид . Двете организации го презентираа својот начин на работа и  беше заклучено дека во иднина ќе се реализира официјална меѓусебна соработка  со што ќе се формира еден заеднички круг на функционирање Крагуевац- Охрид- Брно.

Прочитано:  1505  пати
Објавено на: 03.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©