Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска
Архиепископија на својата редовна седница одржана на 13.03.2018 година
донесе одлука за чествување на значајниот јубилеј 1000 години од формирањето
на Охридската Архиепископија. Централното одбележување ќе се одржи во
катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Св. Софија“ во Охрид на 27
мај.
Со оглед на важноста на милениумски неповторливиот јубилеј, како во
рамките на Република Македонија, така и во цела Европа, Владата на Република
Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување
на јубилејот 1000 години од формирањето на Охридската Архиепископија од
страна на државата, со претставници од следните институции: Комисијата за
односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура,
Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална
политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Македонија,
Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид,
Македонска филхармонија и Православниот богословски факултет „Св. Климент
Охридски“.
|