Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ПОДГОТВЕН ЗА ФУДБАЛСКАТА ШКОЛА НА БАРСЕЛОНА
Untitled Document

Во период од 21 до 27 август, на терените од СРЦ „Билјанини извори“ ќе гостува фудбалската школа на реномираниот фудбалски клуб Барселона. Подготовките за почеток и непречено одвивање на школата се завршени.

Охрид треба да биде горд на она што успеа да го реализира во минатите неколку месеци колку што траеа преговорите со фудбалскиот клуб Барселона, кој што резултираа со договор за одржување на летен камп за деца од 6 до 16 години. Зборуваме за професинален камп организиран од страна на фудбалскиот клуб Барселона, односно според стандардите и правилата кој што тие ги имаат усвоено. Ќе кажам дека ова е уште еден голем успех и на Локалната самоуправа и на ЈП „Билјанини извори“, но и на сите оние релевантни структури кој се ангажирано ви спортот во Охрид за денес да имаме можност еден вака голем фудбалски гигант и воопшто вака големо спортско друштво какво што е Барселона го донесиме во Охрид, изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

На овој камп се очекува да земат учество повеќе од стотина деца од земјата и странство. Покрај развојот на спортот и стимулирањето на младата популација да се занимава со спорт, овој камп има и друго значење, а тоа е промоцијата на градот. Со одлуката школата на Бараселона да се одржува во Охрид, градот се позиционира на светската мапа на соработници на ФК Барселона.

Сето ова е след, односно резултат на многубројните интензивни напори што Локалната самоуправа и спортските работници во Охрид, четири години наназад интензивно ги преземаат во делот на развојот на спортот, пред се во развојот на спортската инфраструктура што за овие четири години, неколку пати е мултиплицирана од она што го имавме претходно. Изградени се голем број на спортски терени и создадени се услови за да може да се исполнат критериумите што ги бараат префинетите, познатите спортски екипи, рече градоначалникот Бакрачески.

Заедно со школата доаѓаат и врвни тренери кои што ќе работат со децата, а предвидено е сите учесници да се стекнат со сертификати.

Тренинзите ќе бидат водени од врни тренери од фудбалската школа на Барселона во координација и потпомогнати со наши лиценцирани тренери. Тренинзите ќе се одвиваат два пати дневно, изјави директорот на СРЦ „Билјанини извори“, Ристе Мишев.

Покрај тоа учесниците ќе имаат прилика да се дружат и забавуваат, а највашно од се е да го учат и развиваат тимскиот дух.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1414  пати
Објавено на: 07.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©