Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА ГОЛЕМ СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН НАСТАН „ЖОНГЛАРИЈА –ЛОПТАРИЈА“
Untitled Document

Охрид денеска е домаќин на голем спортско рекреативен настан „Жонгларија – Лоптарија“ што прв пат се одржува кај нас, а по 13-пат на меѓународен план. Сто и шеесет  ученици од  осумте охридски основни училишта и најмладите згрижени во детската градинка „Јасна Ристеска“  со играње фудбал, три на три , игра на вештини и квиз на знаење  во СРЦ „Билјанини извори“ го започнаа натпреварувачкиот дел од настанот.
Учесниците во спортските игри ги поздрави градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски кој укажа на значењето од физичката активност и спортувањето во градењето на здрави животни навики.

 Уживајте и вложувајте се во секој натпревар во кој ќе учествувате. Научете дека спортот е игра,резултатот е битен но сепак дружењето е најбитно. Нека победи најдобриот во коректните и фер игри, а ние како општина Охрид во рамки на своите надлежности секогаш ќе се трудиме  да подржуваме вакви и слични спортски случувања кои се битни за сите нас- посочи градоначалникот Стојаноски.

На настанот се обрати и амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец кој упати неколку пораки до учесниците во спортските натпревари.

Запомнете, сите ние сме деца, вие млади, а ние повозрасни. Секој кој  во себе носи  младешки дух не зависно од возраста ќе биде успешен. Фер- плеј играта има кружна форма како топката. Некогаш сте  горе, а некогаш  долу во тој круг. Но не заборавајте секогаш максимално да се трудите не зависно на која позиција сте затоа што на крај ќе бидете дарувани со успех. Не заборавајте го она што денес се случува овде. Вие сте нашата иднина и гордост- порача амбасадорот  Јазбец. 

Манифестацијата “Жонгларија – Лоптарија“ е во организација на  Медиа спорт од Словенија, а под покровителство на општина  Охрид.

Славко Сагашчеќ од организациониот одбор им посочи на децата дека  спортските игри не треба да се сфатат како битки туку како натпревари во кои победуваат најдобрите.
Овој спортско рекреативен настан   годинава  се одржува во осум држави: Македонија, Словенија, Црна Гора, Италија, Австрија, Унгарија, Хрватска и Србија.  

Прочитано:  1478  пати
Објавено на: 09.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©