Дел од екипите на Ј.П. "Охридски Комуналец" започна со припреми на
теренот за засадување на новите дрва на тротоарите на бул. "Туристичка".
Заради дотраеноста на стариот дрворед кој претставуваше опасност по
минувачите и велосипедистите и предизвикуваше оштетување на бетонот, старите
дрва беа отстранети и ќе бидат заменети со нови садници од сортата "Јасен" и
"Јавор", на кои корените им одат во вертикала и нема да предизвикуваат
пукање на асвалтот на тротоарите.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |