Делегации од Општина Охрид , од Подрачната единица на историскиот архив на Македонија и од Сојузот на Борци од НОБ , денес пред спомен плочата на Марко Бошнаков положија цвеќе по повод 140 години од раѓањето и 110 години од неговата смрт.
Еден час подоцна во големата сала на општина Охрид историски час за Бошнаков одржа Горан Митрески од НУ “Завод и музеј“- Охрид. Меѓу бројната публика беше и дел од семејството на познатиот охридски гемиџија.
|