Градоначалникот Јован Стојаноски, заедно со претставници од локалната администрација и директорите на јавните претпријатија, одржа средба со жителите од урбаната заедница „Гоце Делчев“ и месната заедница „Рамне“.
На средбата граѓаните бараа решавање на дел од инфраструктурните проблеми кои што ги сметаат за приоритетни, како и за други помали проблеми од комуналната сфера и осветлувањето. Од страна на градоначалникот и неговиот тим, добија уверување дека веднаш ќе се пристапи кон пронаоѓање на средства за реализација на приоритетните проблеми, додека за помалите проблеми како расчистување на пристапни патеки, поставување на автобуски постојки и улични светла ќе се започне со реализација во најкраток рок.
|