Под мотото „На крилјата на љубовта“, синоќа, во Центарот за култура
„Григор Прличев“ беше одбележан патронот на детската градинка „Јасна
Ристеска“. Оваа година се одбележуваат 55 години од постоењето на
градинката.
Присутните ги поздрави градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски,
честитајќи им го патрониот празник и посакувајќи им успешна работа во
иднина.
Настанот беше збогатен со забавна програма подготвена и изведена од
вработените и децата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
|