По повод одбележувањето на 2-ри август, Денот на Републиката, градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски претпладнево положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на илинденците во градскиот парк.
Претходно градоначалникот Стојаноски го проследи историскиот час кој по повод празникот го одржа професор Ристе Николески.
Цвеќе пред спомен обележјето на илинденците положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од Охрид и државава.
|