Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО САБОТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ 31.ОХРИДСКИ ПЛИВАЧКИ МАРАТОН
Untitled Document

Завршени се  речиси сите подготовки за стартот на годинешниов 31.Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи во сабота на 19 август на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид, во должина од 30 километри.Стартот на маратонот ќе биде во 12 часот во  Свети Наум, а првите пливачи се очекува на градското пристаниште да пристигнат околу 17 часот и 30 минути- беше соопштено на денешната прес конференција.

-Главен организатор на маратонот, чиј покровител е претседателот Ѓорге Иванов, е Општина Охрид во соработка со Пливачката федерација, Агенцијата за спорт и млади и Сојузот на спортските федерации на Република Македонија.Ние како главни организатори сме горди што ги презедовме најголемиот дел од обврските и со ангажирање на сите наши ресурси ќе успееме да имаме уште едно успешно издание на Охридскиот пливачки маратон.
На годинешниов маратон ќе има 22 учесници од кои 15 во машка и 7 во женска конкуренција,а доаѓаат од Аргентина, Франција, Бразил, Канада, Италија, Германија, Холандија, Хрватска, Русија и домаќинот Македонија. Охридскиот пливачки  маратон, годинава  е трета трка на Гран при серијата на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и претставува една од најпрестижните и битно влијае на конечната светска листа на маратонското пливање.
Со пиетет се потсетуваме на првата маратонска трка одржана во 1954 година и првиот Охридски пливачки маратон кој се одржал во 1962 година.Ние како генерација која сега се грижи за опстојувањето и реномето на оваа врвна светска спортска манифистеција,оддаваме должна почит кон сите учесници, победници, организатори и помагатели на досегашните маратони и оставаме аманет тоа да го прават и идните генерации-
рече на прес конференцијата градоначалникот Никола Бакрачески.

Претставникот на техничката делегација на ФИНА Саболч Фодор и претставникот на Пливачката федерација на Македонија Јане Карајованов изразија благодарност за огромната поддршка на Општина Охрид која е главен организатор на маратонот и надеж дека оваа светска пливачка манифестација ќе помине во најдобар ред. Македонскиот пливачки маратонец Евгениј Поп Ацев, посака поволни временски услови и најави дека е во одлична форма и  очекува да се качи на победничкиот пиедестал на годинешниот Охридски пливачки маратон.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1387  пати
Објавено на: 17.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©