Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ЗГРИЖЕНИТЕ ДЕЦА ВО ОХРИДСКИТЕ БОЛНИЦИ
Untitled Document

Децата со посебни потреби  кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо “  и  децата во детското одделени при Општата Болница во Охрид   денеска ги посети   Дедо Мраз.

Радосни и возбудени од средбата дечињата ги примија подароците  и се фотографираа со дедото со бела брада и црвена облека.

Новогодишни подароци добија и дечињата кои извршуваа дневни прегледи во овие установи.

Организатор на настанот е  Здружението на граѓани за еднаква застапеност  на лица со посебни потреби  во медиумите „СОС БАЛКАН МЕДИА“  со поддршка на Општина Охрид и министерството за Здравство на Р. Македонија.    

Прочитано:  270  пати
Објавено на: 28.12.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©