Илинден е инспирација и паметник за македонските генерации, ден кога ги славиме и се присетуваме на голем број на револуционери и борци за независна Македонија, кои со својата крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.
Двата Илиндена, 1903 и 1944, се два светли датуми во македонската историја кои ја симболизираат нашата борба за сопствена држава, благодарение на што имаме можност да живееме во демократска, самостојна и независна Република Македонија.
Со Илинден 1903, кој што е кулминација на сите претходни востанија и индивидуални гестови налична саможртва и Првото заседание на АСНОМ на кое се верификуваа придобивките од Народноослободителната борба, вековниот сон на македонскиот народ за сопствена држава, почнува да станува реаланост.
Денес, генерациски имаме историски предизвик, да создадеме економски силна, национално достоинствена и меѓународно почитувана Република Македонија и економски стабилен и просперитететен Охрид. Тоа ќе го направиме само со посветено и чесно работење, почитувајќи ги националните, културните и историските традиции на македонскиот народ.
Нека ни е честит националниот празник ИЛИНДЕН и нека е вечен Охрид и Република Македонија! – стои во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски. |